Ние се грижиме медицинскиот персонал и работодавачите сигурно да се спојат.

+389 76 823 481

We care for people who care

We care for people who care

Ние се грижиме медицинскиот персонал и работодавачите сигурно да се спојат.

Вашето патување со нас во Германија

Во 5 чекори обезбедуваме квалификуваните стручни лица и отворените работни места сигурно да се совпаѓаат

Чекор 1: Пронајдете нова работа

Наоѓаме професионалци од целиот свет за кои негата не е само работа. Ги водиме индивидуално, во 5 чекори, на новото работно место и ги следиме сè додека успешно не се вклопат во земјата домаќин.

Чекор 2: Aдминистрациja

Запознаени сме со бирократските пречки и знаеме како успешно да ги надминеме. Ние водиме сметка за сите формалности, од признавање на професионалните квалификации до отворањето на сметка во банка.

Чекор 3: Jазик

Познавањето на локалниот јазик е клучно за квалитетот на негата и основен предуслов за успешна интеграција во земјата домаќин. Овој предуслов го исполнуваме во нашите училишта за странски јазици.

Чекор 4: Признавањe

Признавањето на странска професионална квалификација во земјата домаќин честопати бара полагање на испити. Ние ги подготвуваме нашите кандидати специјално за овој испит и им помагаме во формалностите.

Чекор 5: Социјализација и прилагодување

Почнува работата. Далеку сме од крајот. Во текот на следните 12 месеци на нашите кандидати им даваме совети и поддршка, а нашиот тим на локален јазик им помага да се прилагодат на новото работно место и на местото на живеење.

Малку за нас

Активни сме за Вас ширум светот.

Ние се грижиме сигурно да се спојат квалификуваните стручни лица и отворените работни места. Работиме со партнери низ целиот свет. Сигурно, транспарентно и чесно – тоа е она што е важно за нас. Почитувањето на нашите кандидати, клиенти и партнери ги прави нашите вработувања успешни.

Во моментов во нашата програма за обука има повеќе од 500 стручни лица.

7 добри причини за работа со компанијата Staffus

Како можеме да Ви помогнеме?

Дали имате прашања или предлози или Ви е потребна директна поддршка? Со нетрпение очекуваме да Ве слушнеме!